Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Мало, но слатко, изненадување за дечињата од “Ѓорѓи Сугарев“ во кафетерија “By Marieli“

По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби “By Marieli“ кафетерија на дечињата од ОУ “Ѓорчи Сугарев“ им приреди, мало, но слатко задоволство, кои поминаа различни моменти од нивното секојдневие.-Мило ни е што заедно со наставниците, родителите и дечињата направивме комуникација, ја реазлизиравме  и дојдоа во кафетерија “By Marieli“. Ова е многу мал чин, кој не знаеме дали и заслужува да се афирмира, но нека биде еден чекор кон подигање на свеста, дека иако се различни, тие се дел од нас, велат од кафетерија “By Marieli“.-Слатко изненадување за нашите дечиња и голема благодарност до “By Marieli“ кафетерија порачаа и од ОУ “Ѓорѓи Сугарев“.3. декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во Битола се одбележа со повеќе настани, хепенинг, марш по Широк Сокак, пуштање на разнобојни балони, приредби…