Првата панел дискуција во организација на Бизнис Академија Смилевски (БАС) Битола и Поликлиника ЕЛИ-МЕДИКА Струмица, на тема “Менаџерски муабети во здравството“ Со тематски фокус “Предизвиците на здравствениот менаџмент“.
Панел дискуцијата ќе се одржи утре во 13 часот во просторите на БАС Академија Битола.
-Да се зборува на тема менаџмент, а особено менаџмент во здравството е предизвик голем за секој кој е дел од здравствениот менаџмент или бил на менаџерска позиција во здравствена установа. Да ги споделиме личните ни искуства во областа на здравствениот менаџмент, да ги слушниме колегите и пријатели за нивните предизвици со кои се соочиле во текот на нивното менаџирање, да се подружиме и умрежуваме. Да бидеме единствени сплотени и доследни на тоа што го работиме. Се гледаме и останете во добро здравје, вели м-р д-р Ѓорги Јанев PhD Модератор на настанот