Press "Enter" to skip to content

Објавена програмата за “Зимската приказна“, Андрија Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасевска, Димитар Андоновски, “Блезери“ и “Фонтана“ за дочекот на 2025 година

Општина Битола ја објави програмата на “Зимската приказна“ кои се вметнати во секојдневните програмски содржини, а која ќе трае од 29 декември 20024 до 6 јануари 2025 година. 

В петок, 20 јануари 2024 година “Зимската приказна“ ќе започна со “Новогодишен марш“ на Дувачкиот оркестар од Офицерски дом до плоштадор “Магнолија“, а таму ќе биде отворено лизгалиштето со новогодишна програма и изведба на “Танцот на снегулките“  на танцовиот спортски клуб “Експоуз“ од Битола.На организираниот дочек на Новата 2025 година на платото пред Офицерски дом во свечената програма “Ноќ на нови почетоци“ на 31 декември, со почеток во 22 часот ќе настапат Андрија Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасевска, Димитар Андоновски, дувачкиот орлестар “Блезери“ и групата “Фонтана“ од Битола.“Зимската приказна“ ќе заврши на 6 јануари 2025 година со испраќање на “Бадниковата поворка“ од Офицерски дом.

Програмата на „Зимска приказна“ е  на следниот линк https://online.fliphtml5.com/yaixg/qhnq/.

More from ВестиMore posts in Вести »