Press "Enter" to skip to content

Доктор и нутриционист советуваа за здравје и убавина во “УНА НОВА“ (фото)

Козметичкиот салон “УНА НОВА“ во отворените денови на убавина постојано ги изненадува своите клиенти со интересни евенти во кои можат да се добијат совети од стручни лица за нега, убавина и здравје.

Така и оваа сабота многу припаднички на женскиот пол присуствуваа на настан на кои можеа да слушнат совети од доктор, нутриционист и фитнес тренер за здравје, убавина и нега.Менаџерот на салонот Анкица Стевановска и целиот тим вработени се заслужни сите кои доаѓаат на овие настани да се чувствуваат убаво и пријатно.

-Овие отворени денови наидоа на многу добар прием кај нашите редовни клиентки, но и оние кои не доаѓале во нашиот салон. Во една пријатна атмосфера ние им овозможуваме на припадничките од понежниот пол едно неформално дружење со кафенце и отворени разговори за многу теми кои ги интересираат.  Тие  на  овие настани  покрај стручно предавање добиваат и одговори на многу прашања како и совети, препораки од стручни лица кои ни доаѓаат како предавачи. Исто така и помеѓу себе да разменат искуства за теми што се поврзани со нега, здравје и  убавина, вели менаџерот на салонот “УНА НОВА“ Анкица Стефановска.

За тоа што се се случуваше на отворениот ден во салонот, Стефановска вели:-На овој отворен ден оваа сабота организиравме евент „Доктор, нутриционист и фитнес тренер ве советуваат за здравје и убавина“.  Со свое излагање настапи д-р Роза Гелевска за здрави животни навики. При тоа таа на присутните им ги претстави производите од алое вера на Forever living –   за здравје, нега и убавина. Таа детално ги претстави сите производи во кои има и додатоци за исхрана на база на алое вера, како и козметичката линија производи. Присутните добија многу совети за придобивките од користењето на оваа линија на производи кои се на природна база без додатоци и конзерванси.Потоа свое излагање имаше Билјана Марковска  нутриционист која зборуваше за правилно комбинирање на храната за подобро здравје и добра форма. Исто така таа даде стручни совети за комбинирање на додатоците во исхраната. За одржување на добрата фит форма која соте жени ја посакуваат се разбира  важна улога има и вежбањето така нашиот  фитнес тренер, Билјана Трапаноска

ска, одржа мотивациски говор за коисните придобивки од  фитнес програмата на фитнес центарот на “УНА НОВА“.

Фитнес центарот со своја фитнес програма се составен дел на пакетите за слабеење кои ги нудите и секогаш “УНА НОВА“ нуди нов  промо пакет за слабеење со поволни цени. -Нашиот салон нуди многу добри понуди на пакети за слабеење кои се разбира се поврзани со фитнес програма која успешно ја води  води нашиот фитнес тренер Елена Трапановска. Се разбира резултатите за слабеењето се подобри ако се повразани со вежбање. Од проморивните пакети за слабеење за овој месец нудиме голем попуст за клиенти кои сакаат да се во добра форма и негувано тело, вели Анкица Стефановска.

Во оваа прилика ви ја препорачуваме топ формулата за намалување на обем;

-3 инфрацрвен тунел

-3 алго пакувања

– 3 антицелулитни третмани.

Пакет за само 2.800 денари, намален од 6.000 денари.

Со овој пакет клиентките ќе добијат голем бенефит за своето тело како за намалување на обем така и детоксикација, ревиталоизација и релаксација. После овие третмани  ќе се чувствуваат убаво и пријатно.“УНА НОВА“ и во иднина ќе продолжи со отворени денови на убавина каде припадничките на поубавиот пол во позитивна атмосфера ќе добиваат и разменуваат совети за тоа како да бидат негувани и убави. Така ќе добиваат и информации за услугите и пакетите кои ги нуди “УНА НОВА“.