Придобивки од породувањето во вода:
-Намалена болка: Топлата вода ги опушта мускулите и го намалува интензитетот на болката.
-Намален стрес за бебето: Преодот од внатрешната средина во вода ја имитира амнионската течност, овозможувајќи премин од вода во вода, што значително го прави многу понежно самото породување и за мајката и за новороденчето.
-Побрзо породување: Водата поттикнува релаксација на мазната мускулатура од родилните патишта и го скратува времето на породување.
-Намалена веројатност за евентуална потреба од медицинска интервенција.
-Поголема подвижност: Мајката слободно се движи во кадата и може да зафати удобна позиција.
-Намален крвен притисок: Водата го намалува стресот и крвниот притисок кај мајката.
Доколку Ви се потребни повеќе информации, јавете се на 047 208 880 или испратете порака.






