Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: коронарна артериска болест и акутен коронарен синдром

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за коронарна артериска болест и акутен коронарен синдром, за што вели:

-Широкиот дијапазон на клинички манифестации на Коронарната артериска болест од стабилна ангина пекторис при напор преку нетрансмуралниот non Q бран ифаркт до трансмурал Q бран инфаркт во основа има еден патофизилошки механизам а тоа е формирање на  артериосклеротска плака во левата или десна  коронарните артерии со руптура и  оклузија.

Акутниот коронарен синдром можи да биди како трансмурален СТЕМИ акутен миокарден инфаркт со комплетна оклузија на дадена коронарна артерија СТ сегмент елевација на ЕКГ и комплетна некроза на даден дел од ѕидот на миокардот со формирање на Q забец и суптотална оклузија на коронарна артерија  или нетрансмурален акутен инфаркт со СТ сегмент депресија на ЕКГ или инвертни Т бранови без целосна некорза на ѕидот на миокардот и без Q забец како знак за некроза. Мал број пациенти развиваат Принц- Металова ангина пекторис како последица на хормонален ексцес и вазоспазам  на коронарни артерии без постоење на  артериосклеротска плака.

Во поставување на дијагноза на акутниот инфаркт на миокардот се значајни присуство на два од трите кардинални параметри  типична ретростернална градна болка или епигастрична болка  над 15 минути која ирадира кон лево рамо лева рака или вилица  со вкочанетост, гореопишаните ЕКГ промени на СТ сегмент елевација или депресија и лабораториските параметри за миокардна некроза како зголемени во серум СК-МB или Тропонин Iили Т.

Ехокардиографски најзначајна е процена на регионалната ѕидна хипокинезија или акинезија на миокардот ,левокоморната ѕидна  ехогеност  и истенченост со формирање на анеуризми или лузни присуство на вентрикуларен септален дефект, присуство и тежина на  митрална региргитација. Срцевото левокоморна ремоделирање е ентитет како последица на повеќекратни масивни антериорни или инфериорни миокардни инфаркти и  аортна стеноза артериска хипертензија  а се карактеризира Ехокардиографски со прогресивна дилатација на лева комора,ексцентрична хипертрофија на ѕид, влошување на тежината на митралната регургитација, хипокинезија на нормално перфизираните регии.

Лекувањето на Акутниот миокарден инфаркт е со промптна итна PTCA и стентирање или CABG операција и корекција на ризик фактори како дијабет, хипертензија ,хиперлипидемија, физичка неактивност, пушење.