„Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“, драмите “Земја на отпад“ и “Излез“ „НОЌТА – Филм кој се чита, три книжевни промоции на авторпот Игор Трајковски
Фоја од Битола кои се резултат на долгогодишна инспирација и работа. За своите „Пролетните патеки“ како што Игор ги нарекува овие три промоции поразговаравме деновиве.
Три книжевни промоции не очекуваат оваа пролет од вас. Како го доживувате ова?
-Како вистински поход – патување низ зборовите и мислите што ги создавам со години. Ова не се само промоции, туку можност да се сподели нешто суштинско со читателите, да се разменат идеи, да се разбудат емоции.Кажете најпрво за вашата прва промоција и кога ќе се случи ?
-Да почнеме со првата станица во Битола „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“? Оваа збирка поезија е резултат на неколкугодишно созревање на мислите за слободата, инспирирана од годините по короната, но и од светските случувања. Во време кога слободата станува се понеопиплива, а војните ни ја одземаат вербата, овие песни се ехо на надежта.
Промоцијата ќе се одржи во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, збор-два за Вашата втора книжевна промоција?
-Поезијата ја заменувам со театар. Некаде во средината на април, тие ќе добијат свој простор за дијалог со публиката, како литературни дела. Театарот отсекогаш бил место за вистината.
Пораката на двете драми „Земја на отпад“ и „Излез“ се силно рефлективни и провокативни – ја отвораат темата за социјалната стагнација, за индивидуалната борба во корумпирани системи.Кажете ни повеќе за третата книжевна промоција ?
-Тоа е книжевната промоцијата на „НОЌТА – Филм кој се чита“, а ќе се случи на 9 мај,
Овој роман има необична приказна дури и пред да биде објавен. Овој роман е еден вид книжевен преседан – започна како сценарио кое во 2018 беше наградено од Агенцијата за филм како најдобро сценарио, а потоа беше одбиено за снимање. Парадоксално, но во исто време тоа го усмери патот кон создавање на вакво книжевно дело, кое се бори со истите системски неправди за кои зборува.
Која е темата?
-Тематски, романот допира до борбата на поединецот против корупцијата и аматеризмот, инспириран од вистински настани, но со целосно фиктивни ликови и случувања. Посебна чест ми е што Министерството за култура го препозна како дело од национален интерес за 2025 година. Овој роман го најавивте и со интересен состав на промотори – не само литературни дејци, туку и експерти од други области.
Зошто?
-Бидејќи приказната е поширока од литературата. Нејзините теми се длабоко поврзани со правосудството, безбедносните структури, општествената правда. Една книга може да биде повеќе од фикција – може да биде сигнал, аларм, предизвик. Токму затоа ме радува што и луѓе од тие сфери ја препознаа суштината и застанаа зад ова дело.Би сакала да ве прашам како гледате на улогата на книжевноста денес, особено во контекст на вакви теми?
-Литературата не треба да биде само бегство, туку и судир со реалноста. Денес, кога информациите се брзи, но плитки, книжевноста може да понуди продлабочена перспектива. Верувам дека таа има сила да поставува прашања што некои не сакаат да ги слушнат.
И прашањето, како успеавте вака наеднаш да излезете со четири различни дела?
-Интересно и очекувано прашање. Иако изгледа како сè да се случува одеднаш, овие книги се создавале подолг временски период. Поезијата ја пишував од пандемијата до денес, заедно со графиките што се дел од збирката. Романот „Ноќта“ и сценариото врз кое е заснован се создаваат од 2018 година. Драмите, пак, се создадени во изминатите две години, од 2023 наваму. Така што, ова не е одеднаш, туку резултат на долгогодишна работа и инспирација.
За крај, што би им порачале на вашите читатели?
-Да читаат со љубопитност и критичка мисла. Да не се плашат да бараат одговори, но и да поставуваат нови прашања. И, најважно – да останат верни на слободата, во секоја нејзина форма.
Жанета Ристевска