Press "Enter" to skip to content

НУ Универзитетска библиотека Битола доделени награди и признанија по повод јубилејот 80 години постоење (фото)

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години постоење денес во НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ Битола кој е сведоштво за осум децении посветеност на културата, знаењето и љубовта кон книгата, беа доделени награди и признанија, “Читател на годината 2024“, роднокрајни автори и поранешни вработени.На присутните им се обрати директорката на Библотеката м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на Библиотеката, која рече:-Со длабока почит и искрена благодарност им се обраќаме на сите поранешни вработени и директори на Библиотеката, кои со својата посветеност, знаење и труд оставија неизбришлив белег во историјата на оваа значајна установа. Вашата работа, вложената енергија и љубовта кон книгата и културата придонесоа Библиотеката да стане ризница на знаење, место на инспирација и простор за развој на многу генерации читатели. Без вашата посветеност, напор и визија, денешните успеси не би биле можни. Вие сте дел од темелите врз кои се гради иднината на оваа институција. Вашиот придонес останува трајно врежан во нашето сеќавање и во историјата на Библиотеката. Благодариме што со вашиот труд и заложба овозможивте Библиотеката да продолжи да свети како светилник на знаењето и културниот развој.На денашната свеченост беа објавени и најпосветените читатели во различни категории, на кои им беше доделено признание.Во предучилишна категорија наградени се Емил Стојаноски, Димитра Ѓеоргиева, Тамара Додовска,  во основно образование: Никола Ицоски, Огнен Никодиноски, Марија Јоновска, во редно образование: Теодора Шопеска, Јована Јанева, Мартина Мојсовска.Возрасни читатели кои добија признанија се  Жанета Тошеска, Емилија Дурлова, Марија Видановиќ, а пензионери: Розитка Тодоровска, Славица Митковска и Мирјана Давкова.Беа објавени и добитниците на наградата “Роднокраен автор за 2024 година“: Петре Димовски, поезија: Зоран Пејковски, проза: Елизабета Јончиќ, перото на библиотекарството: Илче Стојановски.Во рамките на проектот „Библиотеката во фокус: филмови, приказни и искуства од заедницата“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, читателите ги споделија своите библиотечни приказни преку социјалните мрежи. Најуспешните приказни беа наградени, а добитници се: Софија Ѓакова, Николче Вишиноски,  Ема Христова, Иво Котевски, Белинда Сипкоска – Гаштарова и Марина Димковска Ангелевска.-Ова признание е симбол на нашата почит кон нивното творештво, кое го збогатува културниот мозаик на заедницата. Посебна благодарност упатуваме и кон поранешните вработени, чиј труд остави траен печат во развојот на библиотеката. Со овој настан, уште еднаш потврдуваме дека Библиотеката останува место каде што книгите живеат, каде што се создаваат приказни и каде што љубовта кон читањето ги обединува генерациите.  Нека книгата продолжи да биде ваша инспирација, водилка и верен пријател!, порачаа од НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ Битола.Настанот беше збогатен со прекрасно подготвено видео од учениците на Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола, под менторство на професорката Христина Захариевска, што уште еднаш ја потврди успешната соработка меѓу библиотеката и образовните институции. Во знак на благодарност за нивниот труд, беа доделени признанија на учениците, професорката Христина Захариевска и директорката Билјана Јанкуловска.