Денес, среда, 2 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 14 степени.
Утре, четврток, 3 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени.






