Press "Enter" to skip to content

Комплетна регистрација на возила во СН Сообраќаен центар Битола

-Додека го испиете вашето кафе во СН ресторанот тимовите на СН Сообраќаен Центар Битола ќе ја завршат процедурата за технички преглед и комплетна регистрација, хомологација, ЦЕМТ или ПТЕУ, како и комплетно миење на возилото во автоматската перална или замена на пневматици. Исклучително го цениме времето на нашите клиенти. Кај нас нема застои и чекање на шалтери. Напротив услугите ги добиваат во брза и ефикасна процедура, за време на која сакаме да им подариме малку одмор за кафе во нашиот ресторан, вели Љупчо Поповски, раководител на станицата за технички преглед во СН Сообраќаен центар Битола.Сите услуги за вашето возило на едно место! Вака би можела да се опише понудата на СН Сообраќаен Центар Битола каде во еден мултифункционален комплекс се нудат серија услуги за возачите од регионот почнувајќи од технички преглед и комплетна регистрација на моторни возила, сите видови “А-тест“, хомологација, ЦЕМТ, потврда за исполнување техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ), издавање меѓународни патни документи, автомеханичарски сервис, промена и монтажа на пневматици…На располагање се и референт на МВР, Македонска Пошта, Тобако, како и најмодерна автоматска перална на возила и современ ресторан. Во СН Сообраќаен центар Битола е сместен и шалтер за издавање тахографски картички, како и тир карнети и Т1.-Возачите во регионот го препознаваат СН Сообраќаен Центар Битола како свој партнер. Тие знаат дека кога тука ќе дојдат за технички преглед и регистрација на возилото или за било која друга услуга која ја нуди центарот, тоа ќе го добијат брзо, ефикасно и квалитетно. Она што го имаме како повратна информација од нашите клиенти е нивното одлично корисничко искуство бидејќи додека тие го испијат своето кафе во СН ресторанот нашите тимови ќе ја завршат процедурата за технички преглед и комплетна регистрација на возилото, подготовката на повеќе видови документи и сертификати, како и комплетно миење на возилото во автоматската перална или промена на пневматици. Со тоа сакаме да покажеме дека исклучително го цениме времето на нашите клиенти. Кај нас нема застои и чекање на шалтери. Напротив услугите ги добиваат во брза и ефикасна процедура, за време на која сакаме да им подариме малку одмор за кафе во нашиот ресторан, вели Љупчо Поповски, раководител на станицата за технички преглед во СН Сообраќаен центар Битола.Дополнителна предност е што СН Сообраќаен Центар, кој се простира на парцела од 14.514 м2, располага со огромен паркинг простор за сите типови на возила. На тој начин корисниците на нашите услуги во секое време имаат обезбеден паркинг простор и не се изложени на сообраќаен метеж, вели тој.-Покрај редовните услуги, градиме партнерски однос со нашите клиенти и во поглед на едукацијата дека безбедноста во сообраќајот е одговорност на секој учесник во сообраќајот и затоа треба да биде највисок приоритет за сите нас. Редовните технички прегледи се основен предуслов во сообраќајот да се вклучи технички исправно возило. Ние како станица за технички преглед имаме обврска и одговорност да имплементираме европски стандарди кои ќе осигураат технички преглед на возила извршен со најсовремена опрема и од страна на обучени професионални тимови. Додека обврска на возачите е да го донесат возилото на редовен технички преглед, а кога ќе се посомневаат во исправноста или се подготвуваат за некое подалечно патување со возилото препорачуваме и превентивен технички преглед, вели Поповски.СН Сообраќаен центар е мултифункционален објект лоциран на улицата „Михаил Апостолски Дончо“ број 7 во Битола.-Се работи за високоопремена модерна станица за технички преглед која ги задоволува највисоките европски стандарди за преглед на возила. Работиме со соодветна техничка опрема, која е предвидена согласно со законските прописи. Во тој контекст би нагласил дека работиме со најсовремена опрема од германскиот бренд MAXA. Тоа е врвна опрема за дигитално вршење контролни проверки на возилото. Покрај тоа, ќе нагласам дека, како во поглед на опременоста, така и во поглед на стручните кадри во СН Сообраќаен центар Битола настојуваме да бидеме во чекор со светските трендови, не само поради законска обврска, туку и затоа што сакаме да бидеме конкурентни на актуелниот пазар и на возачите во овој регион да им понудиме врвна и комплетна услуга, вели Поповски.Тој додава дека сите услуги поврзани со возилата клиентите можат да ги добијат секој работен ден од 8 до 17 часот и во сабота од 8 до 13 часот.За сите дополнителни информации, како и за тековни поволности и акции, можат да се обратат на телефонот 047 553 683 или да се информираат на официјалниот профил на СН Сообраќаен центар и на официјалната веб странa www.sncentar.mk.