Press "Enter" to skip to content

GLAM AFFAIR во Утопија: Битола ја слави уметноста на стилот

На Велигденската пролет, каде што секој нов почеток носи посебна светлина, Битола испиша уште една стилска приказна. Под насловот GLAM AFFAIR, Утопија беше локација на вечер каде што модата не беше само избор на облека – туку форма на уметничко изразување.

Три препознатливи брендови ја креираа атмосферата на вечерта: – A Court со своите рачно изработени шапки и фасцинатори што зборуваат за сила и елеганција. – Suits со кроеви што ја следат и слават женската силуета. – Adams Art со уметнички дела што го бришат просторот помеѓу сликарството и животот.GLAM AFFAIR понуди искуство што надминува трендови и сезони, вистински моден момент каде што стилот не служеше за да се покаже, туку за да се раскаже. Без правила, без наметнатост – само вистински став, облечен во најдобрата верзија на себе.-Веруваме дека стилот е уметност што секојдневно ја носиме со себе. GLAM AFFAIR беше наша мала ода на сите тие тивки, елегантни приказни што се читаат со едноставен поглед“, изјавија организаторките на вечерта.Битола уште еднаш потврди дека знае да го живее стилот – тивко, самоуверено и со многу вкус.