Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени

Денес, понеделник, 5 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 25 степени.

Утре, вторник, 6 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Температурата во Битола до 25 степени.