Press "Enter" to skip to content

Евротип продолжува со доделување на јубилејни награди

Компанијата Евротип која е дел од КС Групација и која успешно опстојува на македонската бизнис сцена веќе 10 години, минатиот месец започна со доделување на плакети и награди за своите вработени кои се дел од компанијата од самиот почеток.Овој месец е посветен на Христијан Деловски кој е креатор на специјалните игри во понудата на Евротип. Тој го започнува своето работење во компанијата во секторот понуда и авторизација, а после одделувањето на овој сектор во два посебни сектори Христијан останува да работи во секторот понуда.Како посветен и лојален вработен кој амбициозно чекори низ деловниот процес на Евротип пред една година е унапреден со ново работно место и станува одговорен на анализа и контрола на понуда и авторизација.На прашањето „Каде се гледа после 10 години?“ – Христијан гордо одговара дека се гледа како дел од КС Групација.КС Групација му честита за јубилејната награда на својот вработен Христијан Деловски, му се заблагодарува за неговиот придонес кон работата и му посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.