Press "Enter" to skip to content

Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)

Синоќа во малата сала во НУ Центар за култура во Битола за прв пат во градот се одржа “Талент шоу“ подготвено од страна на Општинската организација на Црвен крст Битола.-Голема гордост и чест ми претставува да бидам лидер на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Битола, а воедно и мини ментор на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) групата која го организира овој настан, групата „Искри на хуманост“. Полната сала пријатно нè изненади сите! Бевме воодушевени од огромниот број на пријавени талентирани ученици кои, освен што го искажаа својот талент, станаа и мали хумани херои, ни рече Лина Чашитовска. На “Талент шоу“ присуствуваше претседателката на Општинската организација, секретарот и овогодинешната дисеминаторка, а жирито кое ги прогласи победниците беше во состав професорката по соло пеење, Марина Коруновска, професорката по пијано, Александра Ристовска, професорот по виола, Никола Трајановски и режисерката Софија Ристевска – Петрушевска.Прво место освои Ана Николовски, второ место освои Христијан Водиловски, а трето место имаат Теона Димеска и Елена Василевска.Наградени учесници со пофалница беа Михаела Илиевска, Матеј Здравковски и Лука Пејовски.Организаторот им се заблагодари на сите родители кои одлучија оваа вечер да ги донесат своите деца и да им овозможат да настапат на сцена, како и до психологот на ОУ “Кирил и Методиј“, Жанета Ристевска, која беше единствен ментор на повеќе ученици од училиштето.

-Особено благодарам и до  Гордост ми е што заедно со волонтерите на Црвениот крст, кроиме една нова приказна што ја слуша цел град, а се вика хуманост, изјави Лина Чашитовска, лидер на Клубот на млади при ООЦК Битола. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »