Press "Enter" to skip to content

Последен училишен ден за матурантите од Горната Гимназија

Матурантите денес 16 мај седнаа во училишните клупи за последен пат и емотивно се разделија од местото каде поминаа 4 средношколски години и денови исполнети со најразлични емоции. 4 години исполнети со учење, дружење, заљубување, забава. Сите си споделија мислење дека не им се верува дека денешниот ден е последен и сите овие години некако како да им летнаа низ сите искуства кои што ги поминаа. Но денот беше посебно емотивен и со музика традиционално како и секоја година матурантите играа и пееја во дворот и холовите на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. Се приклучија и дел од професорите кои како и во овие 4 години беа и сега заедно со нив.  Секој се разделуваше на посебен начин со потпишување на блузи, тука беше и неизбежното фотографирање, раскажувањето на најинтересните моменти. Матурантите овие денови се подготвуваат за матурската прослава која ќе се случи на 21 мај, а потоа и за матурските испити кои ги очекуваат.  Фото: Дамијана Ристевска