Press "Enter" to skip to content

Највисокото признание на Алексинац, Србија за прим. д-р Таше Трпчевски од “Плодност“ Битола за зголемувањето на наталитетот во регионот

Основачот на болница “Плодност“ од Битола прим. д-р Таше Трпчевски го доби највисокото признание, Плакета од Општина Алексинац, Србија, за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравството во регионот.

-Комисијата за доделување јавни признанија едногласно му ја додели плакетата за заслуга основачот и директор заедно со признанија за неколку останати истакнати институции и поединци кои даваат придонес во развојот на општината.Во последните години забележуваме значителен пораст на пациенти кои ни доаѓаат, по препорака, од Алексинац и пошироко од Србија, благодарение на резултатите што ги постигнуваме во областа на репродуктивната медицина и 3D лапароскопската хирургија, е напишано во извештајот на комисијата за доделување на награди на општина Алексинац, ја образложи Комисијата својата одлука.

Со ИВФ програми на болница “Плодност“ од Битола и помогнале на повеќе од 300 српски семејства да го остварат својот сон за потомство.

-Ова признание уште еднаш потврдува дека мисијата на болница “Плодност“ надминува национални граници. Гордоста е голема, но обврската е уште поголема да продолжиме со посветеност, иновации и грижа кон секој пациент. Голема благодарност во името на прим. д-р Таше Трпчевски и целиот тим на болницата, соопштија од болница “Плодност“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »