Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: ќе се забрани паркирање од “Дрвеното мовче“ до “Ленски мост“

Општина Битола информира дека од утре започнува со поставување на ознаки за нов траен режим на сообраќај на улица „Булевар 1 ви Мај“, на потегот од „Дрвеното мовче“, до „Ленски мост“.
 
Со поставените ознаки, согласно сообраќајниот проект, ќе се забрани паркирање на возила на коловозот во овој дел и ќе се овозможи непречено движење на пешаците.