Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: апсење поради криумчарење на тутун и текстил во Демир Хисар

На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Прилеп.

При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил.

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

More from ВестиMore posts in Вести »