Овогодинешната награда за “Мировен брокер“ за Западен Балкан е доделена на д-р Ирена Ружин вработена во Завод и музеј Битола.
Наградата на Ирена Ружин и е доделена во Градскиот музеј во Загреб, Хрватска.
Меѓународното жири кое ја додеви оваа престижна награда во образложението ќе напише:
-Преку нејзината тековна работа – како во нејзината домашна институција и во рамките на Балканската музејска група – Ирена Ружин помага да се смени начинот на кој културните институции во Западен Балкан кои се занимаваат со лицата со попреченост, обезбедувајќи вистинско учество. Од ко-креирање на изложби со лица со инвалиди до преимислувања на програми кои ги центрираат нивните гласови и доживувани искуства, д-р Ружин покажува како музеите можат да станат места на припадност, достоинство и дијалог. Нејзиниот промислен и доследен пристап е силен потсетник дека културното наследство им припаѓа на сите и дека инклузијата и пристапноста лежат во основата на музејската работа.
Со доделување на наградите во во Загреб заврши овогодинешната конференција “Сретни се, види, направи“, а како нагласија организаторите д-р Ирена Ружин – мировен брокер е инспирација за музејски професионалци во Западен Балкан.






