Денес се навршуваат 24 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.
Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена.
Свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници од Советот на Општина Битола, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, семејствата на загинатите бранители и други граѓани,
Како дел од комеморативните настани во организација на Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, цвеќе беше положено и на гробовите на загинатите бранители во црквите „Света Недела“ во Битола и „Свети Атанас“ во Новаци.
Традиционално беше одржан и Меморијален турнир во мал фудбал во универзитетската сала „Павел Шатев“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.
Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.

Оддадена почит на загинатите бранители од Битола кај Гајре, Влатко, Благојче и Пеце (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




