Доброволците од Доброволното против пожарно друштво “Архангел“ од Битола беа дел од над педесетина професионалци и доброволни пожарникари кои зедоа учество на тридневната протвипожарна вежба за зајакнување на капацитетите за гаснење на шумски пожари и пожари на отворен простор “Пониква 2025“.
На последниот ден од обуката се изведе тактичко показна вежба за гаснење на пожар при што беше употребена противпожарна опрема, базени за вода, гаснење на пожар од природен извор на вода и опслужување на хеликоптер за интервенции од воздух на показна вежба гасење пожар на отворен простор и заштита на населба.
Носител на вежбата беше ДПД “Кочани“, а учесници во овие изминати три дена беа пожарникарите и доброволците од ТППЕ “Кочани“, ДПД “Архангел“ Битола, ДПД “Виница“ и ДПД “Рудар Пробиштип“.
Предавањето го изврши Центарот за обука за заштита од пожари ПЕГАЗ – ЕДУ од Битола.
Во оваа вежба учествуваа и припадници на генералштабот на АРМ и Црвениот Крст на Македонија. Во изминативе три дена, припадниците на Црвениот Крст извршија обуки на припадниците на сите овие сили како да си помогнат себеси или на некој друг при евентуална повреда во шума, при евентуални убоди од инсекти, каснување од змии, други животни или какви било најразлични други повреди во шума.
Со овие вежби, во огромна мера се подига подготвеноста на нашите сили кои би учествувале во справување со најразлични вакви ситуации кои евентуално би се појавиле во периодот кој ни претстои и претставуваат неизмерно искуство за тоа како различни субјекти заеднички да делуваат при одредени ситуации или природни непогоди.
Ваквите вежби во иднина мора да ги има што повеќе за да не бидеме изненадени од ништо кое што би можело да се испречи пред нас.

Пожарникари на ДПД “Архангел“ Битола на вежбата “Пониква 2025“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




