Press "Enter" to skip to content

Од денес, од 15 часот, до недела затворен паркингот кај спортската сала “Боро Чурлевски“

ЈП “Паркинзи“ информира дека почнувајки од 15 часот на 20 јуни, петок, до 22 јуни, недела, попладне паркингот кај спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе биде затворен за паркирање. Причина е организирањето на манифестацијата CAR SHOW која ќе се одржува на споменатата локација на ден 21 јуни, сабота.

Манифестацијата е со меѓународен карактер и ќе биде прва од ваков тип во градот, а барањето за одржување на истата беше со задоволство одобрено од членовите на УО на претпријатието.

На организаторите им посакуваме успех во овај “пионерски“ потфат и уште многу вакви манифестации во годините кои следат, а Вам почитувани корисници на услугите благодарност на разбирањето и соработката.

Со почит ЈППЈЛП Битола

More from ВестиMore posts in Вести »