Денес во Битола на плоштадот “Гоце Делчев“ се одржа караванот “До вас, за вас“, чија цел е да се одржат едукативни интерактивни активности за населението на тема превенција на криминалот во државата, како и грижа на заедницата.
Граѓаните имаа можност подетално да се запознаат со работата на полицијата и имаа можност да бидат дел од едукативни и интерактивни активности посветени на превенција на криминалот, зголемување на свеста и унапредување на заедничката безбедност.
На караванот присуствуваше и директорот Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, началник во Секторот за внатрешни работи во Битола – Сашо Мирчески, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, советници од Советот на Опптина Битола…
Директорот Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев каваранот рече:
-Битола дел од градовите каде ќе гостува караванот кој започна минатата година и ќе трае година и пол. Целтс е да се доближи се поблиску капавцитетот, знаењето, техниката, опремата со која располага македонската полиција до граѓаните и да сфатат граѓаните што се, и кој се браникот нивним, односно кој се луѓето кои се грижат за нивната безбедност, луѓето кои се твките херои на градовите и на целата држава кога сите ние спиеме тие се прваа линија на безбедноста. Сакаме да анимираме што поголем број од помладата популација во иднина да имаат свој идол во некој одреден полициски службеник, со цел во иднина да бидат дел од капацитетите на полицијата со која што ние располагаме. Гледам дека одзивот е голем и овој ќараван ќе биде еден од поуспешните, а Битола е град традиционално покажува голем интерес за ваков настан.
-Полицијата е за граѓаните, таа е платена од пари на граѓаните, и има единствена опција да служи на граѓаните. Ние сме овде да владеемњ, туку да служиме, а тоа е мотото кое јас постојано го споделувам како директорот на БЈБ заедно со министерот Тошковски, и го применуваме. Со градооначалникот имавме средба и заедно со началникот на СВР Битола разговаравме за проблемите и се надебаме дека заедно ќе ги решаваме, нагласи Јанев.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече:
-Разговаравме за “сејф сити“ за некои работи кои можеме заедно да ги покриваме, бидејќи сите работиме во интерес на граѓаните. Битолчани имаа прилика да видат опрема која не можат да ја видат секој ден. Граѓаните имаа можност да бидат дел од едукативни и интерактивни активности посветени на превенција на криминалот, зголемување на свеста и унапредување на заедничката безбедност. Безбедноста е заедничка одговорност и затоа ваквите настани се важни за да изградиме посигурна и посилна заедница. Искрена благодарност до Бирото за јавна безбедност и сите учесници во караванот за нивната посветеност и професионализам. Искрена благодарност до Бирото за јавна безбедност и сите учесници во караванот за нивната посветеност и професионализам.
Посетеноста беше голема, а најногу во опремата уживаа најмалите кои се качија на мотор, во борбените возила, добија скромни подароци на кои најмногу се израдуваа.
Повозраните се интересираа за алпинистичката опрема, за возилата, но секако и за најновата опрема на МВР, дроновите.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2477″ exclusions=”34006″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”33″]






