Press "Enter" to skip to content

Дуото “Рената и Пепи“ во “Relax Beach Resort“во Претор, на 1 декември

Почувствувајте ја  зимската атмосфера на месец декември во “Relax Beach Resort“ – Претор со романтична вечера,  црвено вино и магичен поглед кон езерото со одсјајот на месечина во ноќта.

Убавините на Преспанскопто езеро се различни во сите годишни времиња. Така и овој зимски период од годината месецот декември со свои убавини на мистика во ноќите со безброј звезди.

Додека надвор времето е ладно, топлината на затворента тераса на  “Relax Beach Resort“ – Претор претставува пријатно место за вечера, а особено за романтични вечери за вљубени, а музиката ја дополнува атмосферата.

Овој  1. декември гостите ќе ги забавува музичкото дуо “Рената и Пепи“.

За сладокусците вкусна декемвриска вечера и специјалитетот  – Релакс салата и филе на тава збогатено со аромата на црвено вино.

Предлог до сите вљубени да ги одведат своите сакани на романтична вечера со поглед кон езерото и прекрасниот одсјајот на звезди и месечина во декември.

Следните викенди се продолжува со други гости музичари кои ќе ја започнат и навестат предпразничната атмосфера.