Денес и во текот на вчерашниот ден, вработените од ЈУНП “Пелистер“ од Битола работеа на уредување на просторот во близина на Големо езеро и планинарскиот дом “Димитар Илиевски – Мурато“ на 2.218 мнв, а потребниот материјал и технички средства беа транспортирани со нивни возила.
-Големо езеро претставува едно од најубавите природни богатства на НП “Пелистер“ и е одлична можност за сите љубители на природата и планината викендите да ги поминат во мирот и тишината на планината далеку од високите температури. Во таа насока поставивме нови клупи и маси од масивно дрво, соопштија од националниот парк.
Инаку, забраната за движење во шума е се уште на сила и сите заинтересирани посетители треба да знаат дека е потребно да извадат дозвола за движење од седиштето на НП “Пелистер“, од Инфоцентарот или по електронски пат.

Националниот парк “Пеллистер“ – Битола го уреди просторот околу Големо Езеро
More from ВестиMore posts in Вести »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Во понеделник од 5 до 9 часот најавен штрајк на грчките царински службеници
- Повратникот Благој Димитриев засилување за КК Пелистер
- Уапсени двајца крадци од Битола, украле 30 штеки цигари, едниот издржувал затворска казна
- СВР Битола: приведени возачи за возење без возачка и со забрана за возење





