Press "Enter" to skip to content

Министертсвото за образование одобри пет научно-истражувачки проекти на УКЛО Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола постигна еден од своите најзначајни истражувачки успеси во последниве години. На јавниот конкурс од Министерството за образование и наука за финансирање научно – истражувачки проекти, на УКЛО му се одобрени пет проекти, со што се најде на второто место меѓу државните универзитети, научните институти и МАНУ, веднаш зад УКИМ.

Одобрените проекти покриваат клучни области и се однесуваат на истражувања што имаат директен придонес и кон зелената и дигиталната транзиција на општеството.

Главните истражувачи, академски кадри од УКЛО и проекти што добија поддршка се:

-Весна Антоска Knights – „Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност“ од Технолошко-техничкиот факултет – Велес,

-Билјана Јорданоска Шишкоска – „Информативен систем за агрохемиски својства и загаденост на земјоделските почви“, Научен институт за тутун – Прилеп,

-Гордана Димитровска – „Паметна платформа за мониторинг на крави и производство на функционален млечен производ“ (COW-TECH), Факултет за биотехнички науки – Битола,

-Ангелина Станојоска – „Употреба на дигитални платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина“, Правен факултет – Кичево и

-Цветко Андреески – „Примена на предвидувачка аналитика и вештачка интелигенција за унапредување на туризмот во Северна Македонија“ од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

На настанот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска посочи дека – проектите беа одбрани на јавен конкурс, вкупниот износ за финансирање по проект изнесува до 8 милиони денари, а истражувачките тимови треба да ги завршат до крајот на октомври 2026 година. Ова е трет конкурс по кој се одобруваат средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, што јасно ја покажува насоката кон која сакаме да ја придвижиме државата.

Реководството на УКЛО со задоволство посочува дека овој успех е показател за растечката научно – истражувачка моќ на УКЛО и потврда за посветеноста кон актуелните општествени, технолошки и еколошки предизвици. Менаџментот на Универзитетот упати честитки до истражувачите, координаторите и сите вклучени во подготовката на проектите, бидејќи – ова е голем чекор напред за УКЛО и поттик за уште поамбициозни научни ангажмани и во идниот период.

More from ВестиMore posts in Вести »