Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: млада девојка од Албанија излетала со “форд“, повредени четири патници

На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било  пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната  од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка,  на возраст од 47 години, додека со телесни повреди се здобиле возачот сопатничката (44) и уште една 15-годишна девојка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.