Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 33 степени

Денес, четврток, 21 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, петок, 22 август, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер од западен и југозападен правец. Температурата во Битола до 34 степени.