Градската кафеана која се наоѓа во хотелот “Епинал“ продолжува со организирање на боемски забави. Денес гостите ќе ги забавува битолската група “Боеми“, а утре, в сабота, групата “Оскар“ од Охрид.
-Со приближување на празниците дојде и вистинското време да резервирате место за вашите предновогодишни прослави! Доживејте го Декември – боемски, во градска кафеана Епинал која се одликува со позитивна енергија, богато мени и добро засилени бендови, кои најубавите моменти ќе ги направат незаборавни!, е пораката од Градската кафеана на хотел “Епинал“ и ќе додадат:
-Повикајте го друштвото и уживајте заедно во музичкиот хепенинг и храна!






