Press "Enter" to skip to content

Бимилк со филмска кампања и поддршка на 46. фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Бимилк годинава ја продолжува својата мисија на поврзување со културата и заедницата преку поддршка на еден од најзначајните културни настани во регионот – Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Во чест на фестивалот, компанијата реализираше уникатна фото-кампања инспирирана од првите филмски кадри на браќата Манаки и од наследството на Битола како град на филмот. Едиторијалот, снимен на автентични локации, оживува сцени што изгледаат како да се од почетокот на XX век, но со современ белег, а тоа е вкусот на Бимилк, симболот на повеќе генерации.

-Филмот е уметност што ги спојува луѓето, исто како што и вкусот на Бимилк ги поврзува генерациите. Со оваа кампања сакаме да покажеме дека наследството и иднината можат да одат рака под рака, создавајќи нови приказни кои остануваат во колективната меморија, велат од Бимилк.

Главните ликови во едиторијалот се актерката Сандра Грибовска Илиевска, Петар Поповски и Ангел Мицевски, кои се дел од филмот. Со ова партнерство, Бимилк уште еднаш потврдува дека компанијата не е само производител на млечни производи, туку и активен поддржувач на културните иницијативи и локалната заедница.