Градската кафеана во хотелот “Епинал“ продолжува со декемвриските боемски викенди, кои во изминатите два викенди предизвикаа огромен интерес кај битолчани, но за жал некои не успеаја навреме да направат резервации.
Затоа не треба да се пропушти најдобрата забава овој петок во Гратската кафеана “Епинал“ со одличниот битолски бенд “Калабалак“, а за атмосферата вечерва доволно зборува и нивниот слоган: “создадено за уживање“.
Но, и за утре, сабота, Градската кафеана во хотелот “Епинал“ најавува одлична забава со групата “Оскар“, а менаџментот повикува заедно да се радуваме со прекрасните македонски песни.
Овој викенд забавата ќе продолжи и на 16 и 17 декември, а ќе ечи од песна и радост со музиката на групата „Деспина“.
Најубавите животни приказни се пренесуваат низ песна,
затоа резервирајте го Вашето место во
Градската кафеана во хотелот “Епинал“!






