Телото секогаш знае. Само треба да го слушнеме. Со таа филозофија, “Body M“ ја воведува најновата иновација – лимфомоделирање, метода која преку прецизна стимулација на лимфниот систем го моделира телото, го детоксицира и му ја враќа рамнотежата.
Зад оваа лиценцирана техника стои Марија Каревска вработена во “БОДИ М“, сега како физиотерапевт со меѓународна акредитација, која неодамна ја заврши едукацијата за лимфомоделирање и ја носи оваа иновација во Македонија.
Марија, што точно претставува лимфомоделирањето и по што се разликува од класичната лимфна дренажа или мадеротерапијата?
Марија: Лимфомоделирањето е еволуција на класичната лимфна дренажа – прецизна, ритмична и внимателно контролирана техника која не само што го подобрува лимфниот проток, туку го моделира телото одвнатре. Движењата се нежни, но длабоко терапевтски. За разлика од мадеротерапијата која делува механички и површно, лимфомоделирањето ја активира лимфата, системот што го регулира чистењето на телото и имунитетот. Резултатите се видливи веднаш, а еден третман може да замени дури 10 мадеротерапии.
Кому му се препорачува овој третман?
Марија: На сите кои сакаат да го подобрат тонусот, да ја намалат надуеноста, задржувањето на течности, или да се чувствуваат полесно и поенергично. Особено е ефикасен по детокс програми, после патувања, по породување, или кај луѓе кои многу седат или стојат. Лимфата е огледало на нашите навики. Кога стагнира, телото ни го покажува тоа преку тежина, умор или воспаленија.
Колку често се препорачува и какви резултати може да се очекуваат?
Марија: Веќе по првата сесија се чувствува леснотија, се намалува обемот на телото и се подобрува текстурата на кожата. За долгорочен ефект препорачуваме серија од 4–6 третмани. Она што најмногу ги изненадува клиентите е колку брзо се менува не само изгледот, туку и начинот на кој се чувствуваат во сопственото тело.
Како изгледа еден третман во “Body M“?
Марија: Сè почнува со проценка на телото и разговор, затоа што секој лимфен систем има своја приказна. Потоа се применуваат специфични мануелни техники и ритам кој го „буди“ лимфниот проток.
“Body M“ отсекогаш се поврзува со фразата „грижата како уметност“. Што значи тоа за тебе во овој контекст?Марија: За мене, уметноста е во начинот на допир. Во тоа како ја слушаш кожата и реагираш на нејзините сигнали. Во “Body M“ никогаш не правиме третмани по шаблон затоа што секое тело е различно, секоја лимфа „зборува“ на свој јазик. А лимфомоделирањето ми овозможува токму тоа, да создадам хармонија меѓу допир, физиологија и естетика.
На крај, како би ја опишала филозофијата зад овој третман во една реченица?
Марија: Лимфата е живот. А во “Body M“ — таа е и уметност. Ве очекуваме да го почувствувате третманот кој го менува телото на здрав, природен и брз начин.
Информации на 070373412.