Битола се подготвува за нова ноќ исполнета со адреналин, добар звук и вистинска еуфорија. На 13 ноември, сцената на Gold Felicia ќе ја освои Alter Ego Band – бенд од Белград кој зад себе има стотици настапи низ целиот регион и ре – путација на вистински мајстори за забава.
Со комбинација од поп, рок и модерни хитови, Alter Ego ќе ја раздвижи публиката и ќе ја претвори вечерта во експлозивен музички спектакл. Нивниот настап е вистинско сценско шоу – харизматични изведби, моќен вокал и енергија која се чувствува во секој тон.
Gold Felicia повторно останува доследна во својата мисија да носи најатрактивни музички имиња од Балканот, продолжувајќи ја традицијата на незаборавни настапи и ноќи кои стануваат дел од градските легенди.
Ако сакате вечер полна со музика, емоции и забава до зори – ова е настан што не се пропушта!
Gold Felicia Bitola | 13 ноември
Карти: 500 денари – достапни во Gold Felicia
Резервации: +389 75 316 974






