Press "Enter" to skip to content

Изложба на илустрации на академскиот сликар Јанис Происос од Солун во Битола (фото)

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски” во Битола беше отворена изложба на илустрации на академскиот сликар Јанис Происос од Солун, во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност од Битола како и гости од Грција.  Јанис Происос за илустрациите е инспириран од народните приказни за деца од Воден и Воденско, а забележени кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.-Народните приказни за деца од Воден и Воденско преведени од Сотирис Минас и илустрирани од сликарот Јанис Происос претставуваат значајно и многу вредно дело наменето пред се за младата популација. Воспитувањето на најмладите преку традиционалното народно творештво, преку легендите и приказните создадени од народниот гениј, произлезени од непосредното поднебје, претставуваат потврдени, неспорни позитивни и вистински трајни вредности. Воспитната компонента на народните приказни, сказни, басни и легенди е првостепена, но не помалку е значајна нивната улога во развојот на психолошкиот профил на младите личности уште од нивната најрана возраст. Секако, не помалку значајно по вредност е развивањето на креативното мислење и на имагинацијата, а изразени преку фантазија и мечти, сон и визии за волшебни светови и универзуми. Токму тука настапуваат народните творби, приказните, преданијата и легендите, раскажани или интерпретирани најчесто од бабите и дедовците, рече на отворањето на изложбата д-р Драган Ристевски, галерист и додаде:-Македонските приказни од Воден и Воденско кои со векови опстојувале и биле дел од духовната традиција на народите на тој регион, веруваме дека со своите поучни вредности, досетливости и мудрости во содржините на народните творби за деца, ќе најдат свое место и во поширокиот простор и кај сегашните и кај идните генерации млади слушатели и читатели.-Кога ми беше побарано да илустрирам неколку бајки од Едеската област, не ни насетував какво богатство стигна во моите раце. Кога започнав со читањето, во мислите ми оживуваа ликови од бајките што ни ги раскажуваше баба ми Слава во селото Пателе во Лерин и мајка ми во студените зимски ноќи од моето детство, околу огништето или шпоретот Страшната ламја, лукавата лисица, момчето што стана елен, Самовилата, вештерки, волци и мечки! Нивното читање беше откровение. Нашите бајки! Не како тие што ги слушавме да ни ги раскажуваат во училиште. Бајките на баба ми, што ни ги раскажуваше тивко, за да го зачува
расположението на бајките и за да не нè чуе некој и да пријави во полиција дека зборуваме на забранетиот јазик! Нашите бајки, значи! Кога подоцна ја видов класификацијата на овие бајки Arne-Thomson-Uther (ATU), сфатив дека народната култура е мал свет што се самопотхранува и меѓусебно се надополнува. Работев врз овие бајки со голема љубов и чувство на одговорност кон моите предци, моите корени, мојот балкански идентитет. Се надевам дека го исполнив долгот што ми припаѓа онака како што треба, сочувајќи неколку мозаични парчиња од една култура што беше жестоко гонета, рече Јанис Проиос.-Јани Проиос, со својот антологиски цртачки зафат, да ги илустрира, бајките и народните приказни собрани уште од почетокот на дваесеттиот век од Воден и воденско, создава и открива нови ликовни, визуелни и сликарски наративи во илустрирањето воопшто. Неговите уметнички дострели во таа насока се во исклучителна корелација со врвните европски илустрации, не само на бајките, народните приказни, туку и во доменот на ликовната илустрација воопшто, рече литературниот критичар Владо Ѓорески и ќе додаде:Кон бајките и народните приказни, тој реагира со најискрен и личен сенз, длабоко создаден уште во неговото најрани денови. Ова пред се е личен, интимен дневник доживуван уште од самото негово богато, литературно и раскажувачко детство. Таа состојба на разоткривање на духовната вертикала на еден народ, создавана и искристализирана со векови, го воздигнува, облагородува неговиот цртеж, исполнет со трајна светлина и колорит кој што е автентичен, хармоничен, ритмички изразит и исткаен во една прекрасна полифонија со народниот вез, ткаење, живеее во медитеранската вечна пролет на нежното траење. Чувствувајќи го народниот гениј во толкувањето на животот и светот, Јани, создаде, атлас на неуништливоста не само во ликовен домен и не само во еден просветлен антрополошки химничен мозаик, тој создаде збирка на неуништливоста на говорот, вечното паметење на сонот, генерациската безвременост и опстанок, вистински опстанок преку раскажувањето на безбројните алегории, и сликањето на претставите, знаците, белезите кои се длабоката археологија на неуништливото.-Културното друштво “Александар Македонски“ — Воден“ сметаше за неопходно оваа збирка да постои во неговата библиографија. Таа се однесува на Воден и околните села. Потребата трајно да се запишат, односно да се исклучи можноста тие да бидат заборавени, доведе до објавувањето на оваа збирка. Се разбира, силата на усното пренесување не може да биде заменета со неговото запишување. Ова издание ги исполнува современите стандарди, е илустрирано и придружено со воведни белешки кои овозможуваат подобро разбирање при читањето. Одличната илустрација на сликарот Јоанис Пројос е заснована на бројни народни елементи од регионот, ќе каже Јани Хаџипејов.Збирката го носи насловот „Качка Каличка и други магични бајки од Воденско и неговата околина“. Подрачјата на снимање се Воден и неговите планински села, како и селата на Алмопија. Раскажувањето од постари луѓе во 80-тите и 90-тите години е речиси целосно на локалниот дијалект, „ентопика“, како што се нарекува овде,

More from ВестиMore posts in Вести »