На 01.02.2026 во 02:12 часот на ул. „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Н. (21) од село Брусник, битолско.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,54 промили алкохол во крвта.
По документирање на настаните ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување на возило” по чл. 297-а од КЗ.






