Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола дене свечено го отвори новиот супер маркет кој се наоѓа на улица “Партизанска“ кај семафорите.
Новиот маркет е на местото каде се наоѓаше поранешната продавница на ШИК.
Новиот супер маркет има површина од 300 м2, а битолчани од вој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе од 5.000 производи.
Палетата на производи кои можат да се купат тука е голема, тука има се што и треба на секое семејство, почнувајќи од храна, пијалоци, хемиски производи, производи кои се потребни за одржување на домот.
Во маркетот ќе се продаваат производи зад кои стои “LKA“ групацијата, чија членка и основач е и компанијата “Ангромаркетинг“.
Маркетот од задната страна има сопствен паркинг простор, кој ќе се користи бесплатно.

Свечено отворен маркетот на “Ангромаркетинг“ кај семафорите на “Партизанска“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Јелена Розга се враќа таму каде што минатото лето создаде магија – повторно на Античкиот театар во Охрид
- “By Marieli“ кафетерии: Совршен спој за вистинско уживање
- MINT Fintech Group ги додели годишните признанија на традиционалната „Ноќ на оскарите“
- Акција во маркетите на “Ангромаркет“
- Aфтер кај Палашо, со Наум Петревски





