Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење.
Безболно. Брзо. Прецизно.
НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ
-КТ Остеодензитометрија (QCT)
Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот.
-КТ Калциум Скор (Calcium Score)
Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во коронарните артерии. Овозможува откривање на срцев ризик пред појава на симптоми.
Кога се препорачува КТ?
При повреди на глава, врат или ’рбет, сомнеж за воспаление, тумор или крварење, силни главоболки, вртоглавици, губење на свест, необјасниви болки во стомак, следење кај онколошки пациенти, проценка на кардиоваскуларен ризик.
Снимките се добиваат во аксијална, сагитална и коронална рамнина, со извештај веднаш по прегледот.
Прегледите ги изведува д-р Елена Јорданоска Бисероска, специјалист по радиодијагностика.
047 208 880
+389 75 472 503 (Viber/WhatsApp)
Ул. АСНОМ бр. 9, Битола






