Битола на 14 февруари ќе биде домаќин на вечер исполнета со стил, музика и уживање. Во комплексот Gold Felicia Битола ќе се одржи специјално кабаре шоу посветено на празникот на виното – Св. Трифун, кое ќе понуди уникатно искуство за сите посетители.
Организаторите најавуваат атмосфера инспирирана од класичните кабаре вечери, со елегантна сценографија, танцови перформанси и музика која ќе ја одбележи ноќта. Настанот е осмислен како спој на забавата и гастрономското уживање, со посебен акцент на винската култура.
Во рамки на вечерта ќе биде понудена селектирана винска понуда од винаријата Dalvina, со внимателно одбрани етикети кои ќе го надополнат амбиентот и ќе создадат вистинско празнично расположение.
Од Gold Felicia информираат дека бројот на места е ограничен и дека присуството е можно само со претходна резервација.
Настанот ќе се одржи на 14 февруари во Кабаре Gold Felicia Битола, а резервации може да се направат на телефонскиот број +389 75 316 974.






