Во пресрет на викендот, Gold Felicia Битола најавува уште една музичка вечер со жива атмосфера и познати домашни изведувачи. На 27 март, пред битолската публика ќе настапи Aneta Band, состав кој е препознатлив по својот репертоар и енергични настапи, збогатени со моќниот вокал на Анета Љумаковска.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со популарна музика, добра забава и пријатен амбиент, во кој посетителите ќе можат да уживаат во комбинација од гастрономска понуда и жива музика. Во изминатиот период, Gold Felicia Битола редовно организира вакви настани, кои привлекуваат голем број посетители од градот и регионот.
Настапот е закажан за 27 март, а се очекува уште една исполнета вечер со одлична атмосфера и дружење.
За повеќе информации и резервации достапен е телефонскиот број: 075 316 974.






