Press "Enter" to skip to content

Денес 9. седница на Советот на Општина Битола, Бојковски за новиот деловник за работа на Советот

Советот на Општината Битола денес ја одржува 9. по ред седница на Советот во овој состав, а на неа ќе се расправа за деловникот за работа на Советот, за цените и за поставување на урбана опрема, за подземни контејнери и за планот за вработување во старски дом.

Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски за деловникот за работа претходно рече дека тој ќе придонесе за поефикасна работа, за достоинство и на советниците и на советот како институција.

-Нацрт Деловник за работа на Советот на Општина Битола, е доставен со обработени 57 члена согласно предложените корекции од советниците, а останатиот материјал ќе биде дообработен на продолженијата на работниот состанок кој е закажан за денеска и утре. Освен пленарните седници се уредува и работата на комисиите. Во предложениот материјал е уредено и однесувањето на членовите на Советот за време на седницата, комисиските расправи и други работни тела, рече Бојковски.

За прв пат со новиот деловник се води сметка и за времето на говорница, со што ќе се избегне можноста за одолговлекување на расправите со теми кои не се ниту на дневен ред, ниту пат се дел од темата за точката која се расправа. Дискусијата во претресот на точката на дневен ред на еден говорник може да трае најмногу 15 (петнаесет) минути. Член на советот има право на реплика само ако биде поименично спомнат во дискусија. Репликата трае најмногу 5 (пет) минути.

Дискусија по претрес на точката на дневен ред во име на советничка група, може да даде координаторот на советничката група кој е должен да најави дека дискутира во име на советничката група. Во ваков случај дискусијата може да трае 20 (дваесет) минути. Членовите на советничката група немаат право на поединечни дискусии кога координаторот го искажува ставот на советничката група.

Дискусијата на член на советот кој побарал збор по втор пат може да трае најдолго 10 (десет) минути. Говорникот може да говори само во однос на точката што е на дневен ред.

Дневниот ред е:

1. Деловник за работа на Советот наОпштина Битола.

2. Одлука за поставување урбана опрема-рекламни паноа–билборди наподрачјето на Општина Битола.

3. Одлука за утврдување на почетна цена за давање во закуп намикролокации предвидени за поставување на урбана опрема рекламноинформативни паноа–билборди.

4. Решение за давање согласност на Одлуката за поставувањеподземнисадови за отпад на ЈП „Комуналец“Битола.

5. Измена на Годишен план за вработување за 2026 година на ЈОУ Дом застари лица „Сју Рајдер“Битола

More from ВестиMore posts in Вести »