Свадбата е еден од најважните денови во животот – а спомените од тој ден траат засекогаш. Токму затоа, изборот на вистинска продукција не е само одлука, туку инвестиција во спомените.
Во пресрет на свадбарската сезона, Битола Њуз разговараше со тимот на Манаки Продукција – име кое повеќе од 10 години стои зад најубавите свадбени приказни.
Што е најголемата грешка што ја прават младенците при избор?
Вистината е – вашата свадба не е ничија друга. Секој пар е различен, секоја локација носи нови предизвици, а секој распоред е уникатен. Затоа, најважно е да знаете што точно добивате ВИЕ а не што добил некој друг!
Зошто искуството прави разлика?
-Искуството не се учи преку ноќ. Повеќе од 10 години работа значат едно – сигурност.
Знаеме како да реагираме во секоја ситуација, како да го „фатиме“ моментот и како од еден ден да создадеме филм што ќе го гледате со години.
Што треба да содржи една добра понуда?
Јасност. Прецизност. Професионалност.
Младенците треба точно да знаат:
-што добиваат за цената ( фотографии , УСБ , албуми , постери … )
-колку луѓе ќе го покриваат настанот и кои , односно со колкаво искуство
-редовна комуникација и одговори на сите прашања
-што ќе содржат пре вединг активностите
-колку време е покриено
-каков и кога ќе биде испоралан ќе биде финалниот производ
-секој детаљ да биде запишан на договор кој ќе содржи печат и потпис од продукцијата и од младенците
Без скриени детали – само чист договор и испорака на договореното.
Што ги издвојува “Манаки Продукција“?
Искреноста уште од самиот почеток. Кај нас нема нереални ветувања – младенците точно знаат што добиваат. Секој договор е јасен, транспарентен и без скриени детали. Веруваме дека довербата се гради уште при првиот разговор, а токму тоа нè издвојува и нè прави сигурен избор за еден од најважните денови во животот.






