Ве очекуваме да уживаме заедно во нашиот препознатлив амбиент со одбрана храна и пијалоци. Време е за проверено гастрономско искуство во прегратките на природата, порачуваат од Rajska Dolina.

На 55 километри од Битола, по патот за Охрид во подножјето на село Куратица, во Рајската долина, се наоѓа “JOVANOSKI” bar & restaurant“.

Недопрената природа и самата локација на ресторанот веднаш над Голема река, ќе Ви ги опуштат сите сетила и ќе го направи Вашето присуство вистинско уживање.
Од целокупниот асортиман на храна кој го нуди овој ресторан, ја издвојуваме Охридската пастрмка која самите сопственици ја одгледуваат и секогаш се припрема свежа, тогаш уловена.

За уживањето да биде уште поголемо, се организираат и АTV тури со четириколки по Плаќенска планина.

Телефони за информации и задолжителни резервации 078/261-271 и 078/261-281 или на нивните профили на социјалните мрежи.






