ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за синдром на хроничен замор за што вели:
Синдромот на хроничен замор е навистина тешка состојба која може да се опише како недостаток на енергија, мотивација, расположение, волја, сила да се направи нешто. Постојат ситуации кога е реално и нормално да се чувствувате уморни, кога сте работеле напорно.
Сепак, има моменти кога заморот и поспаноста не исчезнуваат без оглед на тоа колку време сте поминале во спиење и одмор. Постојаниот или хроничен замор е вид со кој се будите дури и по спиење и може да трае со месеци и години. Синдромот на хроничен замор (СХЗ) е онеспособувачко и комплексно нарушување кое се карактеризира со тежок замор кој не се ублажува со одмор и се влошува со физичка и ментална активност, заедно со присуство на разни неспецифични симптоми. Луѓето со ХЗ често функционираат на значително пониско ниво отколку што биле способни пред почетокот на болеста.
Дефинирање на симптомите
Хроничниот замор се карактеризира со екстремен замор кој: трае повеќе месеци, не е резултат на тековниот напор, не се ублажува со одмор и предизвикува значително намалување на дневните активности.
Покрај заморот, карактеристични се следните дополнителни симптоми: нарушена меморија и/или концентрација, болно грло, чувствителни лимфни јазли, болка во мускулите, болка во зглобовите без оток или црвенило, неосвежителен сон, постојана поспаност, исцрпеност и замор што трае подолго од 24 часа, и покрај одморот, и главоболки.
Симптомите на синдромот на СХЗ и нивните последици можат да бидат многу сериозни и онеспособувачки. Тежината на симптомите варира од пациент до пациент, како и со текот на времето кај истиот пациент.
Дополнително, голем дел од пациентите се јавуваат со следниве вообичаени симптоми: абдоминална болка, нетолеранција на алкохол, болка во градите, хронична кашлица, дијареа, вртоглавица, суви очи или уста, аритмија, болка во вилицата, гадење, утринска вкочанетост, психолошки проблеми (депресија, анксиозност, напади на паника), чувство на отежнато дишење, кожни сензации, губење на тежина.
Дијагноза
За да се дијагностицира пациентот мора да исполнува два критериуми:
1) Тежок хроничен замор кој трае 6 месеци или подолго, во отсуство на други медицински состојби-без дијагностицирани други дијагнози и заболубања..
2) Истовремено присуство на 4 или повеќе од следниве симптоми: нарушена меморија и/или концентрација, болно грло, чувствителни лимфни јазли, болка во мускулите, болка во зглобовите без оток или црвенило, нов тип, шема или сериозност на главоболки, неосвежителен сон, замор по активност што трае повеќе од 24 часа
Симптомите мора да траат или да се повторуваат 6 или повеќе последователни месеци и не смеат да бидат присутни пред појавата на ХЗ. Покрај тоа, нема физички знаци што укажуваат на СХЗ, ниту пак постојат дијагностички лабораториски тестови за оваа болест. Пациентите кои страдаат од симптоми мора внимателно да се евалуираат бидејќи многу медицински состојби е тешко да се разликуваат од ХЗ.
Причини за постојан замор
Како што рековме, сосема е нормално понекогаш да се чувствувате уморни и поспани.
Причините за замор се јасни и очигледни овде: сте започнале рестриктивна диета и консумирате помалку хранливи материи отколку што треба, работите предолги смени или работите ноќе, не спиете доволно, сте почнале да користите некои лекови, додатоци во исхраната или храна во вашата исхрана што не сте ги користеле претходно, сте бремени, консумирате алкохол, цигари, дроги, претерувате со вежбање или едноставно сте целосно неактивни.
Исто така, многу болести имаат постојан замор и исцрпеност како еден од нивните симптоми и последици: алергии, срцеви заболувања, апнеја при спиење, дијабетес тип 2, намалена функција на тироидната жлезда, анемија, депресија, нервоза во нозете.
Сепак, во некои ситуации, не е толку лесно да се откријат причините, и тогаш зборуваме за синдром на хроничен замор. Научниците тврдат дека може да се развие по вирус, поради неурамнотежени хормони и намалување на имунитетот.
Претходните истражувања се фокусираа на одделните улоги на имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем. Сегашните истражувања ја испитуваат улогата на нивните интеракции, како и генетските и факторите на животната средина. Исто така, важно е да се напомене дека ненадејното оштетување на среден и внатрешен систем (НСС) не е предизвикано од депресија.
Имено, иако овие две болести често коегзистираат, многу пациенти со ХЗ немаат депресија или какво било друго психијатриско нарушување.
Третман за синдром на хроничен замор
Не постои единствена терапија што им помага на сите пациенти со СХЗ. Бидејќи причината е непозната, третманот мора да биде насочен кон намалување на симптомите и подобрување на функционирањето. Ова првенствено вклучува промени во животниот стил, физикална терапија со многу умерен пристап.
Точната дијагноза е многу важна за планирањето на третманот, евалуацијата и исходот, бидејќи според истражувањата доцната дијагноза е поврзана со полоши исходи од третманот, т.е. подолгото присуство на болеста пред дијагнозата подразбира покомплициран развој на болеста.
Опоравување
Третманот влијае различно на секој поединец. Некои луѓе остануваат врзани за домот, додека други се подобруваат до тој степен што можат да продолжат со работа и други активности си минимални симптоми.
Како да се справите со проблемот
Обидете се да си обезбедите осум часа сон. Зајакнете го имунитетот. Силен имунолошки систем значи доволно енергија и добро здравје, побрзо закрепнување од вируси, но и побрзо закрепнување од замор и подобро расположение. Лекот за замор често е и во секојднева активност во природа или спортска активност.
Хранете се здраво. Монотоната и лоша исхрана ќе доведе до неухранетост и пад на енергијата, бидејќи нашето тело добива енергија од храната. Таа мора да биде разновидна и полна со витамини и минерали, но исто така и протеини и влакна, масти. За да се ослободите од постојаниот замор , изберете храна богата со магнезиум, калиум . Внимавајте на внесот на ми вештачки шеќери.
Јадете повеќе витамини, особено оние од групата Б, кои се наоѓаат во пивскиот квасец, месото (и изнутриците), житарките, мешунките (грашок, грав), јаткастите плодови (лешници, бадеми) и зелениот зеленчук. Пивскиот квасец е природен концентрат од витамини и минерали.
Витамините Б го подобруваат функционирањето на нервниот и мускулниот систем, со што ја враќаат енергијата. Внесувајте повеќе минерали, особено железо, преку храна богата со железо (месо, јајца, мешунки) со лимонада или благ раствор од јаболков оцет или витамин Ц, бидејќи тоа ја зголемува апсорпцијата на железо.
Проверете го вашето здравје и хормонската функција, функцијата на тироидната жлезда, функцијата на панкреасот и функцијата на срцето и применувајте ја терапијата доколку ја препишал лекар. Луѓето со хемоглобин на долната граница од нормалните вредности имаат помалку енергија. Спијте доволно и планирајте го вашето време подобро. Легнете порано или дозволете си да дремнете попладне. Намалете го стресот и забавете го темпото, ова ќе заштеди енергија.
Чајот од валеријана и маточина делува смирувачки. Намалете го оксидативниот стрес со консумирање антиоксиданси: витамини Ц и Е, омега 3 масни киселини и коензим Q10. Витаминот Ц се наоѓа во свежо овошје и зеленчук, особено пиперки, лимони и целер. Витаминот Е се наоѓа во семки од тиква и сончоглед, маслиново масло и сончогледово масло.
Омега-3 масните киселини, кои се најзастапени во масните риби (сардини), се моќен антиоксиданс. Коензимот Q10 е природна компонента на телото што служи за извлекување енергија од храната што ја јадеме. Неговата количина во телото почнува да се намалува по 30-годишна возраст и кај луѓе кои земаат лекови за висок холестерол (статини).
Вежбајте редовно, но не одете во крајности и не се исцрпувајте со вежбање. Сепак, бидете активни и движете се минимум половина час на ден и поминувајте време надвор. Намалено и прекинување на пушењето кое може да е причина за замор.Ќе видите дека и вашето ниво на енергија и расположение драстично ќе се подобрат. Грижете се за вашето здравје и среќа. Пријатните настани ја враќаат енергијата и расположението.
Миофациално ослободување е третман кој што спаѓ аво Остеопатски методи на лекувње и има широка примена во третман на мускуло скелетни но и во невролошки за заболувања. Во случајов има одличен ефект врз локомоторниот апарат.
Што е миофасцијално ослободување?
Тоа е техника каде терапевтот: применува бавен и контролиран притисок, се задржува на „тригер точки“ (болни точки), работи на растегнување и релаксација на фасцијата.
Ефекти:
намалување на болка (грб, врат, рамо), подобрување на флексибилност и движење, подобра циркулација, намалување на мускулна напнатост.






