-Евротип со особена чест го одбележува јубилејот од 10 години работен ангажман на Ирена Наумоска, како дел од тимот кој секојдневно придонесува за развојот и успехот на компанијата.
Овој јубилеј претставува симбол на посветеност, професионалност и доверба – вредности кои се темел на долгогодишната соработка. Лојалноста кон компанијата и посветеноста во работата се меѓу најважните принципи кои Евротип ги препознава и наградува.
Во знак на благодарност за нејзиниот придонес, на Ирена Наумоска ѝ беше доделена плакета за 10 години јубилеј, како и вредносен ваучер.
Евротип е дел од КС Групација, во чиј склоп функционираат повеќе брендови кои заеднички создаваат стабилна и квалитетна деловна средина.
Евротип континуирано вложува во своите вработени, нудејќи добри услови за работа и можности за професионален развој, со јасен фокус на долгорочна соработка и вреднување на лојалноста.
Овој јубилеј е уште еден доказ дека посветеноста и лојалноста се препознаваат и ценат.






