Осомничениот е лишен од слобода, а обвинителството собира докази за трагичниот случај во населбата Баир.
Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






