Press "Enter" to skip to content

BODY M влезе меѓу премиум GUINOT центрите на светско ниво (фотогалерија)

Битола доби дестинација за убавина и нега со француски стандардиПостојат козметички салони. И постојат места што полека прераснуваат во вистински beauty destinations, според светска стандардизација.

BODY M од Битола официјално стана дел од светската мрежа на premium GUINOT beauty центри, признание што францускиот бренд го доделува само на внимателно селектирани центри кои исполнуваат високи стандарди за професионална нега, едукација, експертиза и клиентско искуство.По тој повод, во BODY M се одржа GUINOT Open Day, настан што повеќе личеше на интимно француско попладне, отколку на класична презентација. Во атмосфера исполнета со rosé, јагоди, skincare ритуали и разговори за современата естетика, гостите имаа можност одблизу да се запознаат со филозофијата на еден од најпрепознатливите светски skincare брендови.BODY M со години гради репутација на место каде негата не се третира како тренд, туку како сериозна професионална дисциплина. Токму затоа, признанието од GUINOT претставува логично продолжение на приказната што тимот ја гради со години.-За нас ова не е само титула, туку потврда дека и од Битола може да се работи на светско ниво. Од самиот почеток сакавме BODY M да биде место каде клиентите ќе добијат вистинска професионална грижа, едукација и искуство, а не само класичен третман. GUINOT е бренд со огромна традиција и стандарди и ова признание навистина многу ни значи, вели Миме Акимовска, основачка на BODY M.На настанот присуствуваше и д-р Маја Петаноска, која долги години соработува со BODY M и ја поддржува нивната професионална skincare филозофија.-BODY M е пример како треба да изгледа современ beauty центар, со континуирана едукација, професионален пристап и сериозен однос кон здравјето и негата на кожата. Токму затоа соработката со нив секогаш ми била природна и искрена. Особено ми е драго што една ваква приказна добива и меѓународно признание, изјави д р Маја Петаноска.Со новиот premium статус, BODY M практично се позиционира на мапата на ексклузивни GUINOT центри во светот, отворајќи едно ново поглавје за beauty индустријата во Битола и регионот.Во време кога beauty светот често се движи помеѓу трендови и филтри, BODY M се обидува да остане доследен на нешто многу поважно, професионална нега, доверба и долгорочни резултати.