Летото носи нови освежителни вкусови на десерти и сладолед во кафе слаткарниците “ГТ”. Познати по богатата понуда на десерти, колачи и сладоледи, оваа сезона “ГТ” подготви нова овошна линија која е создадена за вистинско уживање во топлите летни денови.

Инспирирани од свежината на овошјето и традицијата на квалитетни десерти, и новите трендови во светот. Летната линија ги содржи вкусовите: “Лимон”, “Јагода”, “Јаболко”, “Круша”. Покрај новитетите, остануваат и омилените вкусови на посетителите: “Срце овошно”, “Чиз кејк”, “Вишна колач” и “Овошно тирамису”.
За љубителите на чоколадните десерти, тука е и новото “Милка колаче”, богато со чоколаден вкус и кремаста текстура. Совршен избор е во комбинација со добро кафе.
Летната понуда е збогатена и со два нови вкуса на сладолед: “Лимон” и “Смоква”.
Тимот на кафе слаткарници “ГТ” ве очекува. Слаткарници “ГТ“ во Битола, кај Камен мост и наспроти “Веро“ на Широк Сокак.







