Press "Enter" to skip to content

Car Show, MINT Style – Кога љубовта кон автомобилите ги спојува сите генерации

Mint Centar и Mint Insurance беа дел од годинашното издание на Car Show Bitola 2026, еден од најпосетените автомобилски настани во регионот, кој повторно ги собра љубителите на автомобилизмот, автомобилските клубови и семејствата на едно место.Како поддржувачи на настанот, Mint Centar и Mint Insurance ја доделија наградата „Best Vehicle of the Show“, признание за возилото кое остави најсилен впечаток кај посетителите и организаторите.

Покрај доделувањето на наградата, компанијата беше присутна со свој промотивен простор каде посетителите можеа да се информираат за услугите на Mint Centar, како и да го разгледаат изложениот електричен автомобил, кој привлече големо внимание кај публиката.

Особено внимание беше посветено на најмладите посетители.Во рамки на забавниот детски агол организиран од Mint, децата имаа можност да бојат тематски автомобилски боенки, да цртаат и да уживаат во пријатна и безбедна зона.Со своето присуство на Car Show Bitola 2026, Mint Centar и Mint Insurance уште еднаш ја потврдија својата поддршка за локалните настани и иницијативи кои ја збогатуваат заедницата, промовираат автомобилска култура и создаваат нови можности за дружење и забава за сите генерации.

Car Show Bitola 2026 уште еднаш покажа дека автомобилите се многу повеќе од хоби тие се страст, инспирација и повод за создавање нови приказни.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »