Press "Enter" to skip to content

Битолскиот Пигал“ порано и сега

Најстариот занает  го имало и ќе го има насекаде во светот, но на микро план како опстојувал и се уште опстојува во Битола, малку е пишувано и малку се знае. Тое е тема за која се зборува и молчи. Хроничарите никогаш не запишале дека тука имало “црвени фенери“ како на Пигал во Париз, како во Амстердам, во Хамбург, или  како во “резил чаршија“ кај големите турски градови, иако на почетокот од минатиот век со конзулатите, ала франга модата, европеизацијата и космополитизмот, на Широк сокак виреел силен мултикултурализам и се говорело на повеќе јазици, па ја имало и “онаа“ работа. Анегдота за вип- дама која во истовреме и на иста маса се понудила на еден паша и конзул, долго време се раскажувала. Но, сексуаланите услуги, главно се вршеле по ановите и зад други по ноќе замандалени порти. Во Скопје, било слично, но пообемно и пооргананизирано, со макроа.

Во Скопје, во шеесеттите, седумедесетите и осумдесеттите години од минатиот век, имаше расцветено улична проституција сјатена околу хотелот “Бристол“ најмногу заради близината на  железничката и автобуската станица и големата побарувачка. Чкембе чорба и проститутки од најнизок ранг, некои со патерици, беше питорескната слика на скопското секојдневие. Нешто подоцна, улични услуги на лице место, расцветаа покрај Вардар, зад МТВ и околните зеленила. За Расадникот кај Гази баба, или во Топана и Калето, малку се знае. Во Битола, во помал обем, уличната понуда започна кај обиколницата до Германските гробишта, но и под Тумбе кафе со млади девојки од ромската популација. Постари Грци, неискусни и селанчиња од околината, беа главната клиентела. Една мала индискреција со вип – дами и врвни украински танчерки се случуваше во еден од култнте ресторани. Дамите имаа врвна вариете програма, дури играа голи на искршени срчи од шишиња, а имаа и прекрасно уредени соби. Што се случуваше таму, не е тешко да се претпостави, но врвната понуда привлече голема клиентела, од нај – до нај, па и селските пазарџии дневниот промет во вечерните часови го оставаа за понудената “програма.

Пред да преминеме на поконкретните аспекти од битолскиот “ноќен живот“  читателите да ги потсетиме на париски Пигал. Тоа е прочуениот булевар под Монмартр, со “Мулен руж“ и секс- шопови, но и со улична понуда организирана со макроа, различни понуди за секс и со различен квалитет. Тоа сега е трансверирано на други нивоа и со стилизирана туристичка понуда, за разлика од латинската четврт во Амстердам De Valen, каде проституцијата е легална како и марихуаната. Затоа, битолски Пигал во овој текст е само метафора на уличната проституција, бидејќи пред век и четврт Битола со Широк сокак ја викаа “Mал Париз“.

Имаше настани кои понекогаш излегуваа на виделина, како еден случај со млада Ромка што на патот над “Билбил камен“, на еден повозрасен Грк од пограничните села, покрај тарифата за сексуална услуга во неговата кола, му ги украла часовникот и паричникот. Онака извозбуден од експлицитниот настан, кутриот дури отпосле забележал што го снашло. По еден новинарски напис се крена голема медиумска  врева. Друг Грк, подобро организиран редовно си одеше “на гости“ на периферијата во Битола. Меѓутоа, имаше и случај на пензионер повратник од Австралија, кој си влезе во легална нати- дајми  врска. Кутриот пензионер, за да има повеќе сила, започна  со вреќи да купува ореви и лешници, па и тегли мед  од Поречието и се мислејќи дека тоа ќе ти било афродизијак за да може да се носи со големите предизвици што паднале врз неговите плеќи. Во нејзината уште поубава ќерка, се заљубил еден помлад битолчанец, кој често ја носел со возило надвор од Битола, но настрадал од прекумерна доза на вијагра. Дали ова беше само урбана легенда или вистински настан, никогаш официјално не се дозна. Не така одамна, во септември 2023 година во полициска рутинска акција, фатена е  педесетгодишна битолчанка како се проституирала, а покрај нејзе уште две дами за вип- услуги во еден хотел  не знаеле да објаснат што барале таму разголени и во експлицитни пози.

Но, ајде да се вратиме на уличната проституција што онака апла се случува пред очите на битолчани веќе десеттина години. Нема да зборуваме за повеќе скришни и околни места, туку пред влезот за Тумбе кафе, до самиот крај на Широк сокак. По прометно, здравје. Уште кога беше запуштен паркингот до некогашен “Прогрес“ тука дефилираа млади Ромки со своја предизвикувачка понуда од ултра минички, до бермуди и деколтеа, за да привлечат муштерии. Во близина секогаш беа нивните неколкумина макроа, кои се грижеа за нивна безбедност, дисциплина, па и сндвичи од кај Автобуската станица. Муштерии Грци и селанчиња, рурални земјоделци кои трошеа пари за вакви услуги. Тука имаше и камионџии од Србија, кои преноќуваа со своите возила, а некои и ја консумираа понудата што се случуваше пред нивните кабини. Еден од нив, мислам дека беше од Смедерево, во една прилика ми рече дека во Битола бараат по илјада денари (тогаш), а во Скопје во дивиот парк зад МТВ, истата услуга чинела 600 денари. Една од нив дури имала понуда од 1. 500 денари. Близината на макроата, кога ги прашав онака како минувач,  ми беше објаснета дека била неопходна оти во една прилика, некој млад муштерија од битолските села, не само што не и платил на проститутката, туку и ја натепал. –Три дена го баравме, а кога го најдовме, го скинавме од ќотек. Тие земаат пари, па идат кај нашите девојки кои работат за нас. Затоа, мораме да ги пазиме- рече пред неколку години момчето макро. Подоцна постарите пазарџии од селата ми беа налутени, оти навредливо сум напишал за нивните деца. Кој си ја имаше мувата на капата, тој се лутеше.

Сега, повторно е истата слика. Момците се тука блиску, а девојките дотерани и главно во бермуди и со високи штикли, во вечерните часови дефилираат на тротоарот чекајќи муштерии со коли – од влезот на Тумбе кафе до раскрсницата  се до полноќ, а Битола по некогашниот терк на Париз, го има својот Пигал. Впрочем, нема лек освен легализација со закон во одредени зони, заштита на клиентелата и муштериите и ригорозни контроли. Инаку, најстариот занает и натаму  ќе вирее како пиреј, па дури и како сега, пред очите на сите. Или ќе се потпевнува како во оној некогашен и вечен хит на “Црвена јабука“ од 1988 година во албумот “Сањати – “Свиџа ми се ова ствар“…