Press "Enter" to skip to content

Жителите на Пелагонија отсега можат да направат операција на катаракта за 299 евра во Систина Очна Болница by Промедика – Битола

Жителите на Битола и целиот Пелагониски регион отсега имаат можност да направат операција на катаракта блиску до својот дом, по промотивна цена. Систина Очна Болница by Промедика – Битола започна со изведување операции на катаракта, овозможувајќи им на пациентите врвна офталмолошка хируршка грижа без потреба од патување до Скопје. По повод започнувањето на оперативната програма, болницата воведе летна промоција, со која операцијата на катаракта е на 50% попуст и чини 299 евра, наместо редовните 600 евра.

Со започнувањето на операциите на катаракта, пациентите од Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Кавадарци, Претор и Крушево, како и од околните општини (Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени итн.), добиваат можност да ја извршат оваа интервенција поблиску до својот дом, без дополнителни патувања.

Катарактата е едно од најчестите заболувања на окото и најчесто се јавува со стареењето. Единствен начин за нејзино лекување е хируршката интервенција, која денес се изведува брзо, безбедно и со краток период на закрепнување, овозможувајќи им на пациентите повторно јасен вид и подобар квалитет на живот.

Систина Очна Болница by Промедика – Битола е дел од најголемата групација на очни болници во Македонија, со 7 локации низ земјата, повеќе од 30.000 успешно извршени операции и над 200.000 задоволни пациенти. Операциите ги изведува најискусен тим на офталмохирурзи, со примена на најсовремена медицинска технологија и хируршки техники, обезбедувајќи високи стандарди за квалитет, безбедност и грижа за пациентите.

Летната промоција важи до крајот на летото и се однесува на операции на катаракта извршени во Систина Очна Болница by Промедика – Битола.

Погледнете го сведоштвото на една од првите пациентки која направи операција на катаракта во Систина Очна Болница by Промедика – Битола и дознајте како помина нејзиното искуство:

https://www.facebook.com/reel/1356934929869764

За повеќе информации и закажување термин, пациентите можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 800 08.